WeinHerz Blog
Без разлика дали сте вински професионалец и едноставно љубител на виното, ако веќе сте кликнале на овој пост веројатно сте заинтересирани ... Ако не сте ниту алкохоличар, ниту силен противник на алкохолот, ако сакате да се дружите со истомисленици, следбеници на Епикурус, и да уживате во интересни разговори, ако барате стимулација на вашите сетила и имате огре апетит за култура, јазици, историја и патувања ... слободно продолжете со читање: 1 Виното ги збогатува социјалните средби: Дали некогаш сте се нашле во среде разговор за вино на некој настан, можеби деловен состанок или ручек, или пак на вечера каде вашата сакана покажува интерес за вината, и се чувствувавте некако несоодветно и не можете да придонесете во дискусијата ? Вистина е дека многу социјални настани вклучуваат вина и јаки алкохолни пијалоци и порано или подоцна разговорите се вртат кон виното. Mалку винска елоквенција нема да ви пречи, тоа ја покажува вашата општа култура и ве прави поинтересна и посакувана личност за разговор. Винските курсеви на Wine Educator или MASOM ќе ви помогнат да зборувате за виното со доверба . 2 Дегустацијата на вина ги изострува вашите сетила: Учењето за вина вклучува умствена употреба на вашите сетила за вид, мирис и вкус. Со малку вежбање, можете мошне бргу да ја одредите староста на виното, па и неговото ниво на квалитет. Со малку повеќе искуство, можете дури и да ја откриете винската сорта на грозје од која е направено виното како и неговото место од каде потекнува. Пред и да станете свесни, ќе сфатите дека вашите сетила стануваат се поостри и уживањето се засилува со секое ново шише вино. 3 Лесната интоксикација го крева духот ! Потенцирам лесната. За разлика од алкохолите, кои во просек содржат од четириесет проценти алкохол, повеќето вина се движат од дванаесет до тринаесет проценти. Кога се консумира полека, лесната интоксикација со вино го воздигнува духот и го менува вашето расположение на добро, при тоа без да ве влече во целосна пијанство. Во далечното минато се веруваше дека "лесното" вино им помага на луѓето да се издигнат на друго ниво каде ќе можат да се поврзат со боговите и духовите на своите претци. Сепак, денес е тоа смешно но дефинитивно укажува на промената на раположението, при што секој треба да си ја најде својата точка кога магијата на виното почнува. 4
Учењето околу вината ја стимулираат вашата ментална агилност: Можеби ќе ви делува чудно но учењето за вината е помалку учење на јазици, француски, италијански, шпански, англиски, германски, португалски ... Имено при изучување на винските региони, влијанијата на почвите, климата, сортите вие ги учите нивните имиња во изворна форма. Учите како се изговараат, како се пишуваат на јазикот од каде потекнуваат тие вина или сорти. Тука станува збор за лозарство, а најмногу за луѓето, лозарите и винарите, кои го посветуваат животот за да ви дадат малку течно задоволство. Зголемувањето на вашето знаење за вино ќе ве направи поинтелигентен купувач без разлика дали е поврзано со вашиот бизнис или купувате за лично задоволство, за дома. Како заклучок, Mалку повеќе познавање околу вината го збогатува вашиот живот на многу начини.
0 Comments
Your comment will be posted after it is approved.
Leave a Reply. |
Author:
Simply, I love wines and from time to time a drop of good spirits. How much more I get wine experience so much more I realize how less I know, thus sheering knowledge is very important. That's the way to progress! Меѓународни сертификати за вински експерти од престижното школо
Wine & Spirits Education Trust WSET Македонска Асоцијација на Сомелиери
Зачленување во тек ! |